Мелничарите одлучни: Бараат увозот на пченица да биде слободен
Мелничко-пекарската индустрија бара увозот на пченица да биде слободен во текот на целата година, односно да нема одлука за врзан увоз како што имаше минатите години.
- Мерката се воведува во почетокот на јуни, кога цената на Новосадската берза паѓа, а мелничарите не можат да купуваат евтина пченица. Условени се да ја откупат домашната пченица која е по многу повисока цена. Од друга страна пазарот веќе е наполнет со евтино брашно така што на крајот имаме разлика како резултат на откупената скапа домашна пченица. Во 2012 година просечната увозна цена на брашното била 293 евра наспроти домашното кое било 415 евра, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.
Покрај ова, мелничарите бараат и 100-процентно зголемување на цената што ја плаќа Владата за чување на пченицата од стоковите резерви.
ФОТО: Утрински