Министерот Сарачини ќе ги презентира измените за Законот за енергетика

 

Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини ќе ги презентира измените и дополнувањата на Законот за енергетика.

Министерот Сарачини при презентацијата ќе го најави и донесувањето на новите правилници за енергетските карактеристики на зградите, за енергетска контрола и за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор, кои се во  надлежност на Министерството за економија.

ФОТО: Сител 

најчитано сега