Компанија во Македонија меѓу првите 100 во ЈИЕ
Компанијата која дојде да инвестира во Македонија, Џонсон Мети, се најде на 62-то место во листата на 100 најголеми компании во ЈИЕ во 2013 година, според истражувањето на „ТОР 100 SEE“ кое било реализирано од страна на бугарската агенција SeeNews од Софија.
Во листата се опфатени и рангирани најголемите банки и осигурителни компании во ЈИЕ. Најдобро меѓу банките се најде Комерцијална банка која стигна до 54 место. Стопанска банка е 57-ма, а НЛБ Тутунска банка се наоѓа на 69-тото место. Најдобра македонска осигурителна компанија е Тргилав осигурување АД на 64. место, Еуролинк осигурување АД е на 85-тото место, а Македонија Скопје АД - Виена Иншуранс Груп, поранешна Кјуби Македонија е на 90-тото место.
Од најдобрите македонски компании ОКТА АД е на 103-тото место, ЕВН Македонија на 105-то, Макпетрол АД на 143-то, Електрани на Македонија АД на 209-то, Фени Индустри на 266-то, Македонски Телеком АД на 313-то, Т-Мобиле Македонија АД на 334-то, Лукоил Македонјија ДООЕЛ на 337-мо и Акчелормитал Скопје (ЦРМ) АД на 354-то место.
Првото место на рангирањето за најдобра компанија во Југоисточна Европа го зазема романската нафтена компанија ОМВ Петром со приход од 4,27 милијарди евра и нето профит од 1,08 милијарди евра. На рангирањето доминанти се и останатите нафтени компании од регионот меѓу кои и ОКТА АД која се наоѓана 103-тото место. Наjдобра банка во регионот по четврти пат е романската Банка Комерцијала Романа, а најуспешна осигурителна компанија е Заваровалница Триглав од Љубљана со удел од 605,8 милиони евра во осигурителниот пазар на ЈИЕ.
„TOP 100 SEE“ е годишно рангирање на најуспешните и најголемите компаниии во Југоисточна Европа. Во него се вклучени анализи и интервјуа за перформансите на компаниите, нивните планови и очекувања за раст, индустрискиот развој и предизвиците со кои се соочува економијата на земјите од ЈИЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа