Мажи внимавајте - секоја жена има резервен фраер

 

Неодамна спроведената анкета покажа дека речиси половината од жените кои се во врска имаат „план Б“, односно попрецизно – резервен партнер, што некои мажи би ги натерало двапати да размислат кога ќе се решат вечерта да ја минат со друштво.

Порталот OnePoll.com чиишто вработени го спровеле истражувањето меѓу две илјади испитанички, тврди дека 43 отсто од жените одговориле дека имаат резервен план доколку нештата со актуелниот избраник не функционираат според нивните очекувања.

Притоа се истакнува дека воопшто не зачудува што „кандидатот Б“ начесто е „стар пријател“, односно оној кој ѝ е „како брат“.

Вториот најчест избор е некој кој ѝ е познат просечно околу седум години и големи се шансите нејзиниот сегашен партнер веќе да го запознал. Тоа би можел да биде и поранешен сопруг, момче, колега или некој со кого можеби се среќава на вежбање.

Загрижувачки е, вели портпаролот на OnePoll.com, што секоја четврта жена кон резервниот партнер негува исто толку силни чувства колку и за актуелниот партнер, а дури 15 отсто признаваат дека чувствата кон „кандидатот Б“ се посилни отколку кон моменталниот партнер.

Утешно е, сепак, што секоја трета жена опфатена со ова истражување тврди дека се сомнева дека некогаш што и да е ќе се случи меѓу неа и нејзиниот резервен избраник, а интересно е што половина од жените кои учествувале во анкетата претпоставуваат дека и нивниот партнер би можел да има „план Б“.

Извор: Зазабава

30.09.2014 - 11:02

 


Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега