Крвава тепачка во Штип - младо момче заврши во болница

25-годишниот И.А. од с.Коџалија, радовишко синоќа пријавил во полициска станица дека  28-годишниот И.О. 20-годишниот С.И. и 21-годишниот И.И.) сите од Штип физички го нападнале неговиот другар С.М.(28). Насилниците почнале да го удираат со тупаници и клоци по телото, по што го турнале на земја и продолжиле да го тепаат. Потоа му гипребарале џебовите и му одзеле три мобилни телефони и  паричник во кој имало 24.300 денари.

Од страна на полициски службеници од ПС-Штип на лице место биле затекнати сторителите, истите се лишени од слобода, од извршениот преглед пронајдени се предметите на кривичното дело. 

07.10.2014 - 13:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега