Повисоки трошоците во градежништво за нови објекти

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во однос на третиот квартал лани се повисоки за 0,3 проценти.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното второ тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 2,7 отсто.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со третото тримесечје од 2013, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,8 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 3,5 отсто, говорат податоците на Статистика.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега