Полицијата влезе во тетовско
Девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години се приведени во акциската контрола на полицијата што ноќеска од 23 часот до 3 часот по полноќ била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и „Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино.
Во угостителскиот објект „Баци“ затекнати се осум странски државјанки од кои три од Албанија, две од Косово и исто толку од Србија и една албанска државјанка со привремен престој во Тетово. Во „Енерџи клуб“ затекната е една девојка од Црна Гора.
- Деветте странски државјанки кои во објектите нелегално биле ангажирани како пејачки и танчерки и го злоупотребиле својот престој, приведени се во Полициската станица Тетово, задржани се и денеска ќе бидат предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за натамошна постапка, во рамки на која ќе се утврдуваат сите поединости околу нивниот престој и работење на подрачјето, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа