Немирна ноќ во Драчево: Момче од Батинци претепа полицаец
На полноќ во угостителскиот објект “Скоч“ во Драчево, полициски службеник додека извршувал службени задачи во близина на објектот, забележал дека има нарушување на јавниот ред и мир. Откако на местото на настанот пристигнале полициски службеници, истиот се доближил да им помогне и во моментот кога се легитимирал бил удрен неколку пати во пределот на главата од страна на 25-годишниот Е.Т. од Батинци.
Напаѓачот, како и останатите учесници кои учествувале во нарушувањето се приведени во ПС-Драчево.
Оцени ја веста
06.12.2014 - 12:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа