Сопругот ја претепал - битолчанка заврши во болница
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Битола, било пријавено дека во Клиничката болница во Битола е донесено повредено 41 годишно женско лице. Од страна на полициски службеник извршен е разговор со повредената, при што истата кажала дека во времето од 14 до 16 часот била малтретирана од нејзиниот сопруг при што и се заканувал дека ќе ја убие, и ја удирал со тупаници и клоци при што и нанел повреди во пределот на телото, градниот кош и главата.
По целосно целосно расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа