Запознајте го најдебелиот човек на Балканот

 

51-годишниот Мусто Кариќ е најдебелиот човек на Балканот. Неговата тежина постојано се движи помеѓу 200 и 250 килограми.

- Јадам сосема нормално, само малку повеќе од другите во семејството. Ако тие изедат една чинија, јас јадам две. Земам само два-три оброка во текот на денот, но јас сум неспоредливо најдебелиот од сите нив, објаснува Кариќ.

Тој вели дека држел диети за да ослабе, но дека брзо ја губи волјата за тоа.

- Не можам потоа ниту стотина метри да изодам, морав постојано да се одмарам, раскажува овој човек кој секојденвно работи, сечејки дома дрва за зимските денови и грижејќи се за добитокот со жената и децата.

Лекарите за најдебелиот жител на Балканот велат дека треба да изврши хируршка интервенција за да ги намали своите килограми и да функционира нормално.

најчитано сега