Минатата година „вриело" од туристи во Македонија

 

Македонија лани ја посетиле за 4,8 отсто повеќе туристи од претходната 2013 година. Зголемување од 2,7 отсто има кај домашните, а за 6,4 отсто кај странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 0,2 отсто, а кај странските зголемување од 4,7 проценти. 

Лани во декември во земјава имало 32.413 туристи кои оствариле 64.687 ноќевања. 

Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на овој месец од 2013 година е намален за 3,8 отсто, а бројот на ноќевањата за 6,3 проценти. При тоа бројот на домашните  туристи е намален за 6,9, а на странските за 1,7 отсто. Воедно домашните туристи оствариле за 0,8 отсто помалку ноќевања, а странските за 10 проценти.

Најмногу туристи 3.866 биле од Бугарија, 3.212 туристи ја посетиле од Грција и 2.040 од Турција. Најпосетено било Скопје. Во текот на декември минатата година во Скопје имало 10.468 туристи, говорат податоците на Статистика.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега