Исплата на сите субвенции за лозарите до петок
До петок сите субвенции за лозарите ќе бидат исплатени, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Неготино, каде што заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов на симболичен начин закроија вински лози на градскиот плоштад, пренесува МИА.
Пред неготинските лозари Јанакиески појасни дека ветувањето за исплата на субвенциите го пренесува во име на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
На сите тиквешани Јанакиески им го честита денешниот верски празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, а се слави во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија.
- Сакам на сите да ви посакам многу здравје, благосостојба во семејствата, а на лозарите богат род годинава. Да сте живи и здрави и уште многу години да го славите празникот, порача Јанакиески.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа