Парламентарни избори во Албанија

 

Oколу 3,3 милиони албански државјани со правo на глас денеска бираат 140 нови пратеници во Парламентот на Албанија.

Од утово во 7 часот се отворени над 4.400 гласачки места, а гласањето ќе трае до вечер до 19 часпт. Изборите ќе ги следат над 400 набљудвачи на ОБСЕ, чија Мисија ја предводи Кони Меккормак.

На изборите учествуваат 66 политички партии, но главната битка ќе се води меѓу владејачка Демократска партија (ПД) на премиерот Сали Бериша и опозициската Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама.

ПД ја предводи коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“, во која учествува и Македоската алјанса за европска интеграција (МАЕИ), додека ПС е предводник на коалицијата „Алијанса за европска Албанија“, во која партиципира и  Социјалистичкото движење за  интеграција (ЛСИ) на доскоро владиниот партнер Илир Мета, која е трет по значење политички субјект во Албанија.

Самостојно на изборите настапуваат партијата Нов демократски дух на поранешниот албански претседател Бамир Топи и нациоалистичката Алијанса „Црвено-црни“ на Крешник Спахиу, кои исто така би можеле да обезбедат пратенички мандати.

Анкети покажуваат водство на блокот на социјалистите со предност од три до пет отсто.

ФОТО: Новатв

 

најчитано сега