Трагедија ја потресе Србија: Надгробна плоча усмрти дете
Почина дете Р.Р откако му падна надгробна плоча на главата.
Трагедијата се случила околу пладне во село Ново Милошево,близу Бечеј, а детето било со родителите на гробишта по повод верскиот празник Задушница.
Најверојатно плочата пукнала од топлото време паднала и го поклопила детето.
Детето било во несвест и веднаш било пренесено во болница , но реанимацијата не помогнала и за жал тоа им подлегнало на повредите.