Не лажел само Фолксваген: Проверете дали и вашиот автомобил е дел од измамата
Покрај скандалите со „Фолксваген“ имиџот на автомобилската индустрија настрада сериозно. Затоа не е изненадување уште едно откритие – автомобилските измами за сериозната потрошувачката на гориво, пренесува порталот Фактор.
Возилата користат всушност околу 40% повеќе гориво отколку што е наведено во официјалната продажба.
Истражувањето покажува кај кои производители има најголеми отстапувања, пишува германскиот новинар Николаус Дол во својата статија „Големите измамници во автомобилската индустрија“, објавено во весникот „Die Welt“.
Репортерот се повикува на податоците од истражувањето на Меѓународниот одбор за еколошки и чист транспорт (ICCT).
Како што покажуваат испитувањата на 600 илјади автомобили во земјите-членки на ЕУ, најголемо отстапување има кај „Mercedes“ и „BMW“.
Во истражувањето на „T & A“ се наведува дека „кај „Mercedes“ отстапување на фактичката потрошувачка и изјави од производителот на сите популарни модели се одликува со повеќе од 50%“.
Кај другите марки разликата е „можеби помала, но по правило ја има“.
Според податоците на „ICCT“ „поголеми отстапувања од просечните“ се откриени исто така кај автомобилските компании „Citroen“ „Peugeot“, „General Motors (GM)“ и „BMW“.
Според ICCT „најмногу изневерување“ во однос на реалната потрошувачка во однос на бараните модели се:
Mercedes E Class + 54%
Mercedes A Class + 53%
Mercedes C Class + 53%
BMW 5 Series + 49%
Peugeot 308 + 48%
Renault Megane + 45%
VW Golf + 41%
Toyota Aygo + 40%
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа