Фејбук ќе остане бесплатна апликација
Во последните неколку денови доколку се логиравте на вашиот профил можевте да прочитате неколку коментари од ваши пријатели за тоа, ако сакате да имате повеќе приватност на вашиот Фејбук профил ќе мора да платите.
За да не ви се објават некои од вашите статуси и некои слики кои се ставени како приватни, вие ќе мора да ја ископирате и да ја постирате пораката (во која се вели дека не дозволувате да се користат вашите приватни слики и приватни пораки за никакви цели) на вашиот профил.
Ова е уште едно од многуте лажни известувања кои можат да се прочитаат на интернет.
Креаторите на Фејсбук на нивната официјална страна поставија порака со која ја демантираат оваа информација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа