Facebook комплетно го менува својот изглед - социјалната мрежа веќе никогаш нема да биде иста
Профилната фотографија на Фејсбук повеќе нема да биде иста. Во низата промени кои ги воведува Фејсбук, профилната фотографија би можела да биде кратко повторувачко видео, односно ГИФ, кој ќе „предизвика“ некој да го отвори вашиот профил.
Од Фејсбук објавија дека мобилниот приказ на мрежата ќе има големи промени, вклучувајќи профилно видео, привремени фотографии и нови можности со кои корисниците ќе можат да контролираат што другите гледаат кога ќе го посетат нивниот профил.
Профилното видео, како што го нарекуваат од Фејсбук, ќе им овозможи на луѓето профилната фотографија да ја заменат со кратко видео кое ќе се повторува. Тоа ќе биде видливо само на мобилната верзија на Фејсбук, како и останатите промени.
Корисниците освен тоа ќе можат да ја наместат „привремената верзија“ на профилната фотографија, која ќе се промени во фотографијата која била претходно во времето кое го навеле.
Корисниците ќе можат да ги променат и информациите кои се појавуваат на нивните профили. Новата функција овозможува да изберете кои лични податоци сакате да се појавуваат на врвот од страницата, а ќе биде додадена и рубриката „био“ во која ќе можете да испишете кратка порака во која ќе се опишете себеси.
Направени се и некои мали промени околу изгледот на профилот, па во папката со фотографии и пријатели ќе има и нешто повеќе. Профилната фотографија, односно ГИФ, ќе се наоѓа на средината на страницата. Повторуваме, ваквиот изглед ќе биде само на мобилниот приказ.
Овие нови функции прво ќе се тестираат на мал број корисници во Велика Британија и САД, но од Фејсбук порачуваат дека наскоро ќе бидат достапни за сите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа