Порно вирус се шири на Facebook - еве што да направите ако го закачивте
Порно вирус се шири на Фејсбук.
Ако случајно добиете линк од пријатели или од некој непознат профил, никако не го отворајте! Најчесто е тоа видео кое нема никаква врска со вас и само ве привлекува да го кликнете. Откако ќе се случи тоам потоа вие влегувате во мрежата и автоматски го споделувате со вашите пријатели, при тоа означувајќи (тагирајќи) ги 40тина од нив.
Доколку сепак не можевте да и оддолеете на љубопитноста, и кликнавте на линкот, па сега го споделувате тагирајќи ги вашите пријатели, еве што треба да направите.
Доколку користите Chrome кликнете ctrl+shift+delete и ќе ви се појави прозорче за бришење на историјата.
Кликнете ги полињата кои се селектирани на сликата и одете на Clear browsing data.
На тој начин ќе го избришете секој траг кој овој вирус го оставил во Вашиот компјутер.
Потоа, ви останува да им се извините на пријателите и секако да го споделите овој линк, за и другите кои имаат идентичен проблем да го решат а вирусот да не се шири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа