Македонија прогласена од Светската банка за 6-та најдобра бизнис дестинација во Европа и 12-та во светот
Македонија рангирана на највисокото досега 12-то место, од 189 економии во светот според добрата бизнис клима во штотуку објавениот извештај на Светската банка Doing Business 2016-та.
Македонија е на 6-то место во Европа, пред 24 земји членки на ЕУ, и убедливо најдобро рангирана во регионот, каде после Македонија е Словенија на 29-то место.
Ова е врвен резултат и големо признание на политиките за правење на бизнис клима, особено што доаѓа од најреномираната економска институција во Светот Светската банка.
Македонија пред 9 години според истиот овој извештај беше рангирана на 94 место, што досега е раст за неверојатни 82 места.
Огромниот успех е постигнат низ континуирани реформи, Македонија е највисоко оценета за унапредување на бизнис климата, креирање на нови работни места, поедноставување на административните процедури, современи технологии за обезбедување на квалитетни јавни услуги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа