Нова фабрика во Штип: Инвестиција од три милиони евра

 

Денеска во градската индустриска зона „Запад" во Штип беше поставен камен темелник на нова странска инвестиција на германската компанија „Семак Фешан".

Станува збор за фабрика на градежна парцела од 33.000 м/2 од кои површината на самата фабрика е на околу 5000 м/2.

Рокот на изградба е до јули 2016 година. Фабриката ја гради штипската фирма „Актива" а надзорот е на студио „Атриум".

Сопственикот на „Семак Фешн", Лудвид Штенау во обраќањето пред присутните напомена:

- Оваа фирма во Македонија е основана од мојата германска комапнија, работиме 20 години тука, и ова е одличен начин да ја прославиме таа дведецениска работа во Македонија. Во овој погон имаме 300 вработени со можност за проширување на капацитети за уште стотина, а во другите  погони, меѓу кои и во Германија околу 700, значи севкупно имаме 1000 вработени. Инаку ние сме едни од најголемите производители на женски кошули во Германија. Нашата облека се испорачува во 2000 продавници-бутици низ Европа, во Лондон, Скандинавија, Швајцарија, Франција, Австрија па и во Москва. Годишно произведуваме 650.000 кошули кои се доставуваат до над 2000 продавници.

Градоначалникот Илчо Захариев кажа дека Штип станува интересен за странските инвеститори. Веќе има три фабрики во ТИР зоната која ја направи Владата но се градат капацитети и во градските индустриски зони.

- Во рок од шест месеци, од нашиот прв контакт, „Семак Фешн" почнува со изградба на нова фабрика што за мене е јасен знак дека станува збор за сериозна компанија. Фактот што во ова фабрика егзистенција ќе пронадајт 400 семејства од Штип ми дава за право да ви се заблагодарам што го избравте Штип и Македонија за инвестирање. Инвестирањето на 3 милиони евра во новата фабрика од кои 1.5 милиони се во квалитетна опрема јасно покажува дека сте важен сегмент на штипската економија.Можам да ви кажам дека не погрешивте што дојдовте во Македонина и одбравте тука да инвестирате, бидејќи нашата Влада овозможува одлични услови за инвестирање, напомена Захариев.

Тој кажа дека веќе имал контакти со уште една германска фирма, „Мајер - Мајер" кои исто така покажале интерес за логистички центар во оваа зона, а најави и нова градска индустриска зона во должина од 4 километри покрај локацијата за новиот експресен пат кон Радовиш. 

Исто така додаде дека покрај веќе изградената фабрика „Актива Аутомотив" во соработка со белгиски „Ван Хул", штипска „Актива" веќе купила нова парцела од 10.000 м/2 за нова фабрика при што освен каросерии за автобуси, Штип ќе биде и место од каде ќе излегуваат и ново произведени автобуси.

 
 
26.11.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега