Значителен пад на невработеноста

 

Невработените лица и компаниите кои имаат потреба од работна сила на едно место ќе се сретнат на Саемот за вработување кој ќе се одржи на 3- ти декември со салата Борис Трајковски од 11 до 14 часот. Ова е осмиот и воедно последниот Саем за вработување за годинава кој ќе се одржи во Скопје, објави Лидер.

Годинава поголем интерес на компаниите за Саемот за вработување

Од Агенцијата за вработување велат дека Саемот е наменет за компаниите и за невработените лица, како од Скопје, така и од останатите заинтересирани лица од внатрешноста. Очекувањата на Агенцијата за вработувања се на Саемот да учествуваат голем број компании кои годинава се најавиле во поголем број во однос на минатата година.

“Очекуваме голем број компании да учествуваат, лани поминавме успешно, а оваа година очекуваме поголем број компании и очекуваме поголем број реализирани вработувања. Сите работодавачи од лани беа задоволни и затоа оваа година повторно изјавија дека ќе учествуваат, а се пријавија и нови компании кои дел се од странските инвеститори , а дел се домашните компании. Оваа година исто како и лани се одржуваат 8 саеми, 7 веќе поминаа низ градовите во државата , последниот 8 – от е во градот Скопје.

30 % од апликациите резултирале со вработувања

“Резултати од оваа година не би можела да кажам оти се очекува повеќе лица да дојдат и целокупната анализа ќе биде готова откако ќе заврши овој саем, лани имавме над 5600 поднесени апликации од невработени лица, а 30% беа вработени од самите компании и во Скопје имавме 86 компании лани кои што учествуваа. Тоа се одлични резултати и можност на едно место работодавачите да се сретнат со невработените лица и невработените лица директно да аплицираат за конкретно работно место“ изјави Слободанка Алексовска, Центар за вработување на град Скопје.

Проектот “Македонија вработува“ полн погодок. Досега вработени 9400 лица

Македонија вработува е еден од поуспешните проекти, а за кратко време над 9400 лица се вработени вели Алексовска. Самата бројка кажува дека резултатите се позитивни, на самите работодавачи им одговара мерката затоа што им носи материјална заштеда ,а додека пак невработените лица си добиваат работно место

“Најатрактивна мерка зависат од дејноста или од моменталната потреба. Има мерки со кој се купува одредена опрема, тоа е финансиска поддршка во вид на грантови, имаме мерки со кои се подржуваат различни видови на субвенционирани вработувања, тоа се парични износ по бруто месечна плата ,има практиканство и обука, евтини кредитни линии. Резултатите се големи, сите мерки се користат во зависност од тоа што бараат работодавачите“ вели Алексовска.

Мерките за вработување продолжуваат и наредната година

За следната година е усвоен Оперативниот план за вработување. Со претходна анализа на пазарот на труд и во овој Оперативен план се опфатени дел од ланскиот мерки, некој се изменети, некои се исти, а имаме и нови и до март идната година ќе се применува проектот Македонија вработува, информираат од Агенцијата за вработување.

 
 
27.11.2015 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега