ЕУРОСТАТ: Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

 

Maкедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Според последните податоци на европската статистичка служба, Еуростат, земјава во третиот квартал од 2015 година имала државен долг од 36% од БДП.

Помалку задолжени од Македонија се само Естонија, Луксембург и Бугарија. Четвртото место, Македонија го дели со Латвија. Овие бројки се најдобар показател за успешноста на економските политики кои ги води земјава, вели во изјава за Економски.мк, министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Ставрески: Потврда дека Владата одговорно се однесува кон идните генерации

„Податоците на Еуростат се најмеродавни за оценка на задолженоста на земјата и според нив Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Тоа е факт кој покажува дека Владата со сегашните економски политики се однесува многу одговорно кон идните генерации. Значајно е Република Македонија како мала економија да не биде високо задолжена земја односно да остане во зоната на ниско до умерено задолжена“, вели Ставрески.

dddddddddd-1.jpg-500

Според Еуростат, на крајот на 2014 државниот долг на Македонија изнесувал 38,2% што значи дека е намален за 2,2 процентни поени.

Ниска задолженост во време на многу инвестиции во инфраструктурата

Нискиот долг земјава успеа да го одржи во услови на глобална економска и должничка криза. Не само што долгот остана низок, туку продолжија и инвестициските зафати во земјата, вели Ставрески.

„Успехот е поголем затоа што во исто време се реализираа и голем број капитални инфраструктурни проекти како што е изградбата на автопатите, болници, училишта, водоводи, канализации и се друго што се прави со средства од буџетот. Ваквите бројки наидуваат на одобрување на значајните меѓународни институции и Владата ќе продлжи со ваквите политики и во наредниот период“, вели Ставрески.

Еуростат ги анализира податоците од над 30 земји од Европа. Според нив, најголем долг имаат Португалија (128,70%), Италија (136%) и Грција (167,80%

 
 
27.11.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега