Пратениците со полни раце работа

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 82. седница, а по нејзиното завршување пратениците ќе продолжат со точките од дневен ред од 74-та седница.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците, по скратена постапка, и Предлог на закон за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка,  поднесен од пратениците Александар Николоски, Драган Цуклев и Реџаиљ Исмаили, се на дневен ред на 82 седница. 

По завршувањето на оваа седница најавено е продолжување на 74. седница на која треба да продолжи дебатата за измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка. На дневен ред се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог на закон за пробација, дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, измените на Законот за учебници за основно и средно образование, поднесен од пратеникот Енес Ибрахим и Предлог на закон за амнестија, поднесен од Павле Трајанов и Лилјана Поповска, сите во прво читање. 

Во рамки на 74. седница пратениците треба да дебатираат и по Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.

 
 
10.12.2015 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега