Не купувајте авионски карти во петок
Најлошиот ден за купување на авионска карта е петок. Ова го соопшти „The Independent“, повикувајќи се на анализа на цените на глобално ниво.
Истражувањето покажува дека во последниот ден од работната недела, цената на картите е 13% поскапа од онаа во недела.
Најверојатната причина за ова е дека луѓето кои планираат одмор во странство разгледуваат за намалувања во текот на викендот, додека службените патувања најчесто се планираат кон крајот на работната недела.
Според специјалисти, патниците во рамките на Европа добиваат најниска цена за билетите, доколку ги резервираат 140 дена порано.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа