Трагедија: Две лица се удавија во Црна Гора
Црногорската полиција соопшти дека две лица утрово се удавиле во Црногорското приморје.
Во Улцињ се удавил 19-годишниот Хамел Адриан од Призрен, а во Петровац се удавила 67-годишната Х.М. од Словачка. Момчето настрадало откако ги преминало сигурносните пловки пр што го однеле големите бранови, додека за жената сеуште не се познати околностите за давењето.
Инаку, уште две лица за малку ќе се удавеле во Црногорското приморје доколку спасувачките екипи не интервенирале на време.