Соопштение на Основниот суд Скопје 1 за ослободувањето на Демири и Исмаиловиќ, обвинети во случајот „Монструм“

Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска објави соопштение во врска со ослободувањето од затвор на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се обвинети во случајот „Монструм“, а во Косово издржуваа затворска казна за друго кривично дело.

Со одлука на Основен суд во Приштина К.п.БР.704/2013 од 29.10.2015 за екстрадиција на бараните Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, е одлучено, стои во соопштението, не се дозволува екстардиција во Република Македонија, на сега бараните лица.

– Кон истите лица се продолжува притворот до моментот кога одлуката за одбивање на екстрадицијата не стане конечна. Против оваа одлука, Основното обвинителство во Приштина има право на жалба во рок од три дена од денот на доставување на одлуката. Апелациониот суд на Косово, Сектор за тежок криминал со одлука ПН. Бр.716/2015  од 22 јануари 2016 година постапувајќи по жалбата на ОЈО Приштина, се произнесе дека жалбата на ОЈО Приштина се одбива како неоснована, додека пресудата на Основниот суд Приштина КП.бр.704/2013 од 29 октомври 2015 година, се потврдува, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1-Скопје.

Бидејќи советот на Апелациониот суд во Приштина оценил дека екстрадицијата не е дозволена кон бараните лица Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се подвлекува во соопштението, е запрена мерката притвор согласно одлуката од 22.01.2016 година, истиот ден.

Во однос на меѓународната потерница за лицата Африм Исмаиловиќ и Алил Демири издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која се уште е активна доколку истите лица  бидат најдени во трета земја, надвор од границите на Република Косово и Република Македонија, ќе се постапи по барањето за екстрадиција на Министерството за правда на Република Македонија.

Одговорот од косовските власти, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1-Скопје, е испратен до Министерството за правда на Република Македонија.

 
 
11.02.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега