Метеоролозите со лоши вести - дождот ќе продолжи и утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено попладне во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од четири до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер.

 
 
11.02.2016 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега