Донација на опрема од Амбасадата на САД за справување со мигрантската криза

Американската амбасада во Македонија денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток ќе предаде хуманитарна помош.

- Помошта од Американската амбасада е наменета за полесно справување со хуманитарните предизвици со мигрантите и бегалците, соопшти Црвениот крст.

Помошта е во вид на опрема и е наменета за Центарот за управување со кризи, Армијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување и за тимовите за одговор при катастрофи при Црвениот крст.

На примопредавањето е најавено присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли, претставници на Амбасадата и на Црвениот крст.

 
 
12.02.2016 - 08:22
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега