Најнови прогнози за нарените десет дена - спремете ги зимските јакни

По екстремните дождови и циклони кои деновиве го зафатија регионот но и земјава, најновите прогнози за наредните десет дена предвидуваат ладен воздух од северниот дел од континентот и повторно враќање на зимата. Според европските синоптичарски прогнози во периодот што следи можно е во регионот да имаме „три мрачни бури“ кои според извештаите на хидрометеоролошките установи тие можат да изненадат со својата силина и да дојде до нагло заладување и нови снежни бранови. До крај отна идната седмица според прогнозите се предвидува и нагло опаѓање на температурите. Ниските температури според извештаите на некои европски хидрометеоролошките установи можат да донесат и несекојдневни снежни бури и мразови кои не се карактеристични за овој дел од годината.

 
 
08.03.2016 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега