Ременски не почитува владина одлука

Владата ја задолжила Ременски да го продолжи договорот на 44-те отпуштени работници во кампот „Винојуг“. Ова го покажува документот што беше објавен денес од страна на отпуштените работници од Транзитно прифатниот центар „Винојуг“ кои и денес протестираа пред кампот со барање да добијат одговор зошто не е најдено решение за тие да бидат вратени на работа, пишува Нетпрес.

Владата ја задолжила Ременски да го продолжи договорот на 44-те отпуштени работници во кампот „Винојуг“. Ова го покажува документот што беше објавен денес од страна на отпуштените работници од Транзитно прифатниот центар „Винојуг“ кои и денес протестираа пред кампот со барање да добијат одговор зошто не е најдено решение за тие да бидат вратени на работа.

Тие денес исто така го изразија и својот револт од вчерашната изјава на Ременски, која рече дека лицата што протестираа во понеделникот пред Министерството за труд и социјална политика никогаш не работеле во ресорното Министерство.

Нашата министерка вчера на вести се однесуваше како ние да не постоиме, рече дека таа нас не не познавала, а ние овде работиме осум месеци, хигиената ја одржуваме на високо ниво, а таа сега си стави некои нејзини партиски функционери и не негира како ние да не постоиме воопшто, таа не не’ познава, вели Гушев Филип.

Отпуштените работници велат дека сега најголем проблем се средствата. Како што велат, досега нивната плата одела преку УНХЦР, а отсега средствата од УНХЦР одат во Министерството за труд и социјална политика, поради што, како што велат, Ременски одлучила да ги избрка и да стави нејзини партиски членови.

-Сега кога таа дојде до средствата од УНХЦР, кога таа треба нас да не плати, не избрка и стави нејзини партиски членови. Ние не отстапуваме од овде и ние сеуште ќе ја одржуваме хигиената на ниво и таа треба да седне и да разговара со нас, велат отпуштените работници.

Тие денес го покажаа и писменото известување од Владата во кое што се наведува дека 44-те лица кои што беа отпуштени се вработени во кампот. Имено, според документот што денес тие го покажаа пред медиумите се гледа дека на владината седница одржана на 1-ви март годинава, министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски добила задолжување да склучи договор за понатамошно ангажирање на постојните вработени лица во транзитниот центар „Винојуг“ кои се задолжени за услугите за хигиена и техничко одржување.

Инаку, вчера Ременски рече дека лицата кои во понеделникот протестираа пред Министерството за труд и социјална политика никогаш не работеле во ресорното Министерство и не биле ангажирани по никаков договор за извршување работа поврзана со грижата за хигиената во кампот „Винојуг“ – Гевгелија.

-Ангажманот на тие луѓе е направен од Јавното комунално претпријатие „Гевгелија“ и од градоначалникот на општина Гевгелија, кои без никаков акт за договор, кој ќе ги регулира правата и обврските, ги ангажирал за одржување хигиена во кампот „Винојуг“ – Гевгелија и ги известил дека од 1 март тие веќе не се на работа, рече Ташевска Ременски.

Оваа изјава на Ременски во целост е спротивна на документот што отпуштените работници денес го покажаа во медиумите во кој јасно стои дека на министерката и било наложено да им го продолжи договорот на вработените и докажува дека технички назначената министерка не ги почитува одлуките на Владата.

 
 
09.03.2016 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега