Мисајловски: Ќе се реконструира патот Сопиште – Говрлево
Пред два дена е распишана тендерска постапка за избор на компанија за рехабилитација на патот Сопиште – Говрлево во должина од 8 километри и проценета вредност од 550 илјади евра, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање.
Тендерската постапка трае до 22.4.2016 година. Ова е реализација на едно од барањата на жителите на Сопиште при посетата на претседателот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
-Распишан е тендерот, ќе се гради регионалниот пат, моментално градиме 8 километри, инвестиција од 550.000 евра. Тендерот завршува следниот месец, ќе потпишуваме договор и започнуваме со работа, истакна Мисајловски.
Тој посочи дека доколку се се одвива според предвидената динамика патот ќе започне да се гради за 2 до 3 месеци.
-Таму се гради и канализација, во делот кај што се работи ќе мора да се заврши, па потоа да се санира, рече Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа