Пуштено во употреба ново повеќенаменско игралиште во населба Лисиче

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, денеска официјално го пуштија во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште наменето за граѓаните на населбата Лисиче.

Ова е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија, а исто така и општина Аеродром до сега има изградено повеќе од 20 вакви повеќенаменски спортски игралишта.

-Сите игралишта во општина Аеродром граѓаните можат да го користат бесплатно. Општината ќе продолжи да гради вакви спортски терени на сите оние места каде што недостасуваат сè со цел жителите на општината да имаат каде да спортуваат, изјави градоначалникот Коневски.

На конкретново спортското игралиште, кое е изградено по светски стандарди, може да се игра ракомет, фудбал и кошарка. Вкупната површина на повеќенаменското игралиште заедно со обиколната патека изнесува 1.300 квадратни метри и содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша.

Теренот има асфалтна подлога, а целото игралиште е оградено со транспарентна жичана ограда висока шест метри и целосно е осветлено за да може рекреативно да се користи и во вечерните часови.

-Исто така, дворот на училиштето е партерно уреден со пешачки патеки, клупи за седење и канти за отпадоци, како и тревници, цвеќиња и друг вид хортикултурно уредување поврзано со автоматски систем за наводнување, така што граѓаните добија можност за спорт и рекреација во современи услови, зашто „спортот ги зближува луѓето“, нагласи Спасески.

Вредноста на инвестицијата за новото повеќенаменско спортско игралиште изнесува околу 7,5 милиони денари.

 
 
10.03.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега