Дождот не престанува: Еве каде имаше „потоп" синоќа

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Македонија наврна во Виница, 30 литри на метар квадратен, 28 во Крива Паланка, 27 во Берово, 21 Ѓуриште,  19 Куманово и Струмица, 18 во Штип, 16 Пожар..., информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Снежна покрива од четири сантиметри има во Лазарополе и Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 9 до 16 степени.

 

 

 
 
11.03.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега