Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика и за прашања на изборите и именувањата, како и Законодавно-правната комисија
На дневниот ред на Комисијата за надворешна политика се предлог законите за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, како и за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за правна помош во граѓански и кривични предмети.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе работи на утврдување на предлог одлуките за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ и за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“.
Предлог законите за ратификација на договорите меѓу Република Македонија и Црна Гора за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, и за правна помош во граѓански и кривични предмети се двете точки за кои ќе расправа и Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа