ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Србија прогласи вонредна состојба - невремето доаѓа во Македонија

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од два до пет, а дневната  од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во сабота попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Температурата ќе биде без поголеми промени, во сабота во интервал од девет до 14, додека во недела од шест до 12 степени. 

 
 
11.03.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега