Возачи, внимавајте - блокиран патот Куманово – Крива Паланка

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај селото Страцин има свлечиште и е зафатена една лента од патот.

Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.

Претходно, АМСМ информираше дека сообраќајот е во прекин на патот Кочани – Делчево поради одрон, а како алтернатива на возачите им се препорачува да го користат патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Од 17 часот вчера во прекин е и патот од селото Долни Полог – Облешево пред Кочанска река поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Одрони има на патот Берово – Виница и таму сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, а на Виничката раскрсница меѓу селата Истибања и Калиманци сообраќајот е блокиран во двата правца и се пренасочува преку Виница.

 
 
11.03.2016 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега