Конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант
Право на учество имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка. Заинтересираните потребно е да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со податоците-име, презиме, факултет и контакт на е-маил адресата: [email protected] најдоцна до 31 март годинава.
Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата на „Студент ФМ“ 92,9.
13.03.2016 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа