Температурите паѓаат: Што ќе се случува со времето?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. На планините ќе има слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Слаб локален дожд ќе има и во среда, а потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време. 

 
 
15.03.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега