Уставниот суд ја почна седницата - граѓаните останаа да ги чуваат институциите

Во 9 часот започна седницата на Уставниот суд. Поддржувачите на ГРОМ во голема бројка и во моментов се наоѓаат пред највисоката државна судска инстуција и даваат поддршка во нејзина одбрана да одлулува без притисоци.

Уставниот суд  денеска на седница ќе решава за иницијативата за измени на неколку членови на Законот за помилување. Неколку стотици граѓани ноќта ја минаа околу платото на Уставниот суд, каде е видливо присутна е и полицијата.

Над 6.000 луѓе вчера се приклучија на ГРОМ во одбрана на институциите и против деструкцијата на СДСМ. Бројот на демонстранти постојано се зголемува и расте поддршката за партијата на Стевчо Јакимовски која застана во одбрана на институциите.

 
 
16.03.2016 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега