Бројчаникот не покажува дека во времето на Таки Фити долгот пораснал од 24 на 41 отсто

МАНУ се огради од апликацијата која ја објави за мерење на јавниот долг, со објаснување дека тоа го сторил некој стручен соработник без знаење на Академијата.

-Тоа што е интересно, меѓутоа, дека од вкупниот јавен долг на РМ, кој на крајот на 2015 година изнесувал 47,2 проценти, надворешниот, односно долгот на Македонија кон странство изнесува 31,8 проценти од домашниот БДП. Еврокритериумот е дека тој долг не смее да биде поголем од 60 отсто, но тој критериум го надминуваат и најразвиените европски земји како Германија, со долг од 79 отсто од БДП. Белгискиот долг, на пример, е 109 отсто, а грчкиот изнесува 170 отсто или поинаку кажано, тој е на еднакво ниво како и во времето пред да почне кризата кај нашиот јужен сосед. Така што по осум години „стабилизација“ на Грција под меѓународен мониторинг, грчкиот долг е за неколку проценти повисок, анализира ДНЕВНИК.

Весникот објавува уште еден интересен податок кој бројчаникот не го покажува, а истиот го вперува прстот токму кон Таки Фити.

-Интересен е и податокот кој покажува дека токму во времето кога Таки Фити бил министер за фанансии во Владата на Бранко Црвенковски, надворешниот долг на РМ пораснал од 26 отсто во 1996 на 41 отсто во 1998 година (извор: Народна банка на РМ). Фити беше министер од февруари 1996 до ноември 1998 година. Тој ќе остане запаметен и како единствен министер за финансии во чие време девалвирал денарот – на 9 јули 1997 година, кога тоа и беше соопштено на јавноста во присуство на претставникот на ММФ некаде околу 11 часот. Утрото, во четири часот наутро, Бранко Црвенковски и неговата влада започнаа акција во Гостивар и Тетово за симнување на албанските знамиња од јарболите пред двете општински згради, па чинот на девалвација остана во сенка на овие настани. Во годините по 2003 досега, надворешниот долг постојано е под 25 проценти, до 2014 година кога надминува 30 отсто од БДП. На крајот на 2015 година изнесува 31,8 отсто од БДП. Инаку од вкупниот јавен долг кој лани според НБМ бил 47,2 отсто од БДП, државен долг е 38,5 отсто, додека долгот на јавните претпријатија изнесува 8,6 отсто од БДП, анализира ДНЕВНИК.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

 
 
16.03.2016 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега