ГРОМ: Граѓаните покажаа дека знаат да ги заштитат институциите

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која беше организатор на протестот за заштита на Уставниот суд, денеска оцени дека вчерашниот и денешниот ден покажал колку е голема и нераскинлива врската меѓу институциите и народот.

- Се виде во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие кои што работат во нив. Од референдумот за осамостојување во 1991 година досега, многу пати се покажа дека свесноста и одговорноста на македонските граѓани е на високо ниво и дека знаат како се гради држава, истакна на прес-конфереција лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој рече дека на граѓаните им се јасни скриените намери на опозицијата и упати благодарност до сите оние кои без разлика на партиската, етничката или религиската припадност излегле на собирот пред Уставниот суд.

Одговарајќи на новинарски прашања, Јакимовски, напомена дека ниту имале намера да предизвикаат било каков инцидент, ниту дека протестот бил поддржан од партиски активисти на ВМРО- ДПМНЕ

 
 
16.03.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега