Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

 

Уживате во вкусот на топли фурнарини? Ова е рецепт за вас со кој ќе ги направите буквално за 1 минута. Еве што ви е потребно:

1.      

готово тесто за пица

2.      

маргарин или масло за готвење

3.      

сол

4.      

оригано

5.      

други зачини по ваш вкус

 

Готовото тесто за пица оставете го да се одмрзне. Пред да го купите проверете дали е посно според составот.

Исечете го одмрзнатото тесто на линии и премачкајте го од двете страни со маргарин или масло за готвење.

Одозгора наросете ги зачините и ставете го во сад за печење.Печете во загреана рерна по вкус.

Прочитајте повеќе посни рецепти на следниот ЛИНК

 
 
16.03.2016 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега