Целосно блокиран патот Битола-Ресен

Патниот правец Битола - Ресен поради свлечиште сеуште е во прекин во двата правца, а како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку Битола, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. 

Во прекин е и сообраќајот на патот меѓу селата Долни Полог и Облешево, пред Кочанска река, поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Марвинци - Балинци - Брајковци под надвозникот кај клучката Марвинци има вода на коловозот поради што АМСМ препорачува возачите да го користат алтернатниот пат Удово - Валандово - Гевгелија и обратно.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има на Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар, Деве Баир и во Крушево. 

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на Плетвар, Попова Шапка и Ѓавато.

 
 
16.03.2016 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега