Тодоров во посета на штипско Ново Село: Се преземаат мерки за справување со надојдената река

Министерот за здравство Никола Тодоров, во текот на денешната посета на Штип, се сретна и со жителите на населбата Ново Село,  со кои поразговара за мерките кои се преземаат за справување со покаченото ниво на течението на реката Брегалница која вообичаено поради временските услови во овој период е надојдена.

На средбата со граѓаните беше присутен и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, кој ги истакна мерките што ги презема локалната самоуправа, како и идните планови за доуредување на речното корито.

 
 
16.03.2016 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега