Ременски во работна посета на Куманово

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска ќе престојува во работна посета на Куманово при што ќе посети неколку институции под надлежност на Министерството.

Министерката Ташевска-Ременски ќе го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби, ќе присуствува пуштање во употреба на Центар за ран детски развој, а ќе го посети и Центарот за социјална работа при што ќе оствари средба со в.д. директорката Александра Арсовска и со вработените.

Во рамки на посетата на Куманово министерката Ташевска-Ременски ќе го посети Транзитниот прифатен центар за мигранти во Табановце, и одделението во Липково што е во слокп на ЈУМЦСР Куманово. 

 
 
17.03.2016 - 10:25
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега