Нема издадени нови потврди за азил

Во изминатите 24 часа не се издадени  потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти денеска МВР.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 16.03.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, стои во соопштението од МВР, најбројни се државјаните на Сирија 44.734, Авганистан 26.546 и Ирак 18.337. 

Во последното деноноќие, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

МВР во соопштението посочува дека во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 16.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

 
 
17.03.2016 - 11:23
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега