Важна препорака: На овие места во Македонија да се пие само флаширана вода

Населението од селата Чифлик, Облешево, Чешиново, Уларци и Кучичино веќе се соочува со загадена вода за пиење од сопствените водоводи за што се препорачува употреба на флаширана вода.

– Општинската организација на Црвен Крст-Кочани во соработка со општина Чешиново Облешево во текот на вчерашниот и денешниот ден дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во овие населени места. Флаширана вода денеска беше дистрибуирана и во Детските градинки во Облешево и Чешиново, изјави Анета Коцева, секретар на ОО на Црвен крст на Кочани.

Вкупно се донирани над 2000 флаши минерална вода од по 6 литри и 0,5 литри донација од ДООЕЛ „Центрофрута“ Виница, како и од резервите на општинската организација на Црвен Крст Кочани.

Зголемениот водостој и излевањето на реките минатата недела, предизвикаа загадување на водоснабдителните системи и извори во повеќе населени места во општина Чешиново Облешево.

 
 
17.03.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега