Заврши четиримесечната обука за полицајци на МВР

Кандидатите за полицајци кои во 2015 година ја започнаа едногодишната обука во Центарот за обука во Идризово, го завршија првиот четиримесечен модул од обуката посветен на областа на заштита на јавниот ред и мир.

Оваа прва фаза од обуката која што се состоеше од тримесечна теоретска едукација и едномесечена теренска работа во Секторите за внатрешни работи при МВР, соопшти денеска МВР, завршува со полагање на првиот тест - за мерење компетенции, и тоа практично, во реална ситуација, на работните места каде што ја изведуваат теренската обука.

Оценувачи, се посочува во соопштението, се искусни полициски службеници од сите сектори на МВР, кои секојдневно ги извршуваат работните задачи од областа на јавниот ред и мир. 

Како што соопшти МВР вчера е извршено полагањето на првиот тест- мерење компетенции со практична работа од областа на јавниот ред и мир за вкупно 64 кандидати за полициски службеници од територијата која ја покрива Секторот за внатрешни Велес. 

Пред кандидатите во текот на интернатската обуката  претстојат уште два образовни модула – од областа на сообраќајот и гранични работи и кривично-правна материја, кои што идентично на веќе завршениот модул, се состојат од по три месеци теоретска работа и по еден месец теренска или практична едукација.

 
 
17.03.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега