Ќе се уредува Спомен-костурницата во Неготино

Бирото за регионален развој го одобри уредувањето на Спомен-костурницата во Неготино, информираа денеска од општина Неготино.

– На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов,  Центарот за развој на Вардарскиот плански регион до Бирото за регионален развој аплицираше со проектот „Уредување на просторот околу Спомен-костурницата во Неготино“.

– Целта е оваа локација, која со години наназад е запуштена, да се уреди и да стане пријатно катче, каде што голем број неготинци дел од своето слободно време ќе можат да го поминуваат во одмор и релаксација. На наше задоволство, Бирото за регионален развој го одбри овој проект, соопштија од општина Неготино.

Оттаму додаваат дека  спроведена е и јавна набавка,  која е завршена со потпишување на договор со соодветниот изведувач на уредувањето околу Спомен костурницата.

Обврска на општина Неготино е завршување на подготвителните работи, за да може избраната фирма изведувач на работите, да започне со реализацијата на предвидените проектни активности на терен.

 

 
 
17.03.2016 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега