Одлични вести од метеоролозите - ни претстои сончев викенд
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен, долж Повардарието на моменти засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
И во недела ќе се задржи слично време со утринска температура од минус четири до четири, а дневната од 10 до 17 степени.
18.03.2016 - 17:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа